Вакцини има, не е доцна за имунизација против сезонски грип

20.12.2020 16:27

Со новите пратки бесплатни и комерцијални вакцини, во Прилеп има доволно за имунизацијата на граѓаните. Надлежните уверуваат дека не е доцна. Оттаму стигува апелот да се внимава за празниците – без групирања и собирања за да се задржи падот на новозаразени од корона вирусот...

Со дополнителната пратка од 1.100 на првопотрошените 690 бесплатнии уште 800 комерцијални вакцини, задоволени се потребите за имунизација на прилепчани против сезонскиот грип, уверуваат надлежните и од Здравствениот дом каде се вакцинира со бесплатните, и од Центарот за јавно здравје каде се продаваат комерцијалните вакцини. Интересот останува – веќе се потрошени 200 бесплатни и половината комерцијални по цена од 800 денари. Не е доцна за имунизацијата, објаснуваат од Центарот.

Будно се следи епидемиолошката слика во градот со новозаболените од корона-вируост. Притисокот намалува. Од  400 случаи неделно, последние 14-ина дена, неделната бројка е 278 и се очекува до Нова година да се намалува. Но, критични ќе бидат празниците.

Остануваат апелите да нема собирања ниту групирања за празниците.

 

Елизабета Митреска