Власта ги повлекува измените на Законот за надворешни работи
Од партијата порачаа дека нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да го блокира Собранието, откако опозиционерите се заканија со стотици амандмани.

Владејачката СДСМ најави дека ќе го повлече Законот за надворешни работи. Од партијата порачаа дека нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да го блокира Собранието, откако опозиционерите се заканија со стотици амандмани.
Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека е недозволиво амбасадар да има и друго државјанство, освен македонско, а измените се спротивни и на Законот за класифицирани информации, бидејќи е неопходно амбасадорот да поседува безбедносен сертификат со степен државна тајна.
Од СДСМ, пак, посочуваат дека за време на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ биле испраќани амбасадори со двојни државјанства, што е спротивно на законот.
„Целта требаше да биде да се дозволи кандидатите за амбасадори да имаат двојно државјанство, но да не можат да бидат амбасадори во земјата каде што имаат второ држвјанство“- појаснуваат од СДСМ, од каде што велат, дека ваков ист закон бил во процедура и во минатиот пратенички состав, но тогаш ВМРО-ДПМНЕ немале забелешки.
