Пол Макартни сака да се вакцинира: „Би сакал да ги охрабрам луѓето да го направат истото“
Поранешниот Битлси Пол Макартни изјави дека сака да се вакцинира против коронавирус и во интервјуто за Би-Би-Си истакна дека најверојатно нема да има турнеја следната година за да го претстави својот последен албум „Мекартни III“.Тој рече дека тоа зависи од успехот на епидемиолошките мерки против коронавирусот.

На прашањето дали би ја примил вакцината за коронавирус, 78-годишниот Мекартни одговорил: "Да! И би сакал да ги охрабрам и луѓето да се вакцинираат, затоа што оваа пандемија е многу сериозна.
Тој рече дека би сакал да свири на британскиот музички фестивал Гластонбери во 2021 година, иако се сомнева дали организаторите ќе можат да го организираат, истакнувајќи дека 100 000 луѓе најверојатно ќе се соберат во толпа, без маски, а тоа секако би било недозволиво во вакви услови на пандемија.
За потсетување, педесет години по неговиот прв соло албум, Пол Макартни го издаде својот нов албум „Мекартни III“. Станува збор за нова колекција песни напишани, свирени и продуцирани токму од него.
Албумот е снимен во Сасекс на југот на Англија.
Дијана Гогова Атанасова