Регион

Почнува вакцинацијата против Ковид-19 во Србија

24.12.2020 10:31

Први ќе се вакцинираат српската премиерка Ана Брнабиќ, министерката за труд Дарија Кисиќ и епидемиологот Предраг Кон.

Србија е првата земја во регионот што почнува со имунизација против коронавирусот. Вакцинацијата почнува во старечките домови во Белград и во Нови Сад, а вакцини ќе има и за политичарите.

Први ќе се вакцинираат српската премиерка Ана Брнабиќ, министерката за труд Дарија Кисиќ и епидемиологот Предраг Кон.

Првата фаза на имунизацијата почнува со околу пет илјади дози, а дополнителни 20 илјади вакцини треба да стигнат во јануари.

Во недела вакцинацијата почнува и во Хрватска и во Словенија.