Сад
Трамп помилува 26 лица
24.12.2020 10:57
Американскиот претседател Доналд Трамп помилува 26 граѓани, вклучително и поранешниот шеф на неговиот предизборен штаб Пол Манафорт и поранешниот советник Роџер Стоун.

Американскиот претседател Доналд Трамп помилува 26 граѓани, вклучително и поранешниот шеф на неговиот предизборен штаб Пол Манафорт и поранешниот советник Роџер Стоун.
Покрај тоа, казните за уште три други лица беа делумно или целосно заменети. Меѓу помилуваните е и таткото на зетот на Трамп и постар советник на Трамп, Џаред Кушнер Чарлс, осуден за лажни даночни пријави.
