КОВИД-19

Србија почна со вакцинација, првата вакцина ја прими премиерката Брнабиќ

24.12.2020 14:26

Премиерката Ана Брнабиќ во Институтот Торлак прими вакцина против Ковид- 19, со што и официјално во Србија започна вакцинацијата против коронавирусот. Вакцината потоа ја примија министерката за труд, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон.

Премиерката Ана Брнабиќ во Институтот Торлак прими вакцина против Ковид- 19, со што и официјално во Србија започна вакцинацијата против коронавирусот. Вакцината потоа ја примија министерката за труд, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон.

„Денес е дефинитивно ден за насмевка. Конечно по 6-ти март, можеби за прв пат сега имаме причина да се насмееме. Ова претставува почеток на крајот на коронавирусот. Очекуваме што побрзо да добиеме вакцини од кинески производител, како и руски вакцини. Сигурен сум дека ќе ги имаме вакцините на Астра Зенека и Модерна до крајот на првиот квартал“, изјави премиерката Брнабиќ.

Во Србија денеска ќе бидат вакцинирани и првите граѓани, корисници на домовите за стари лица во Белград и Нови Сад, а од утре и во Ниш. Освен корисниците на домовите за стари лица, вакцината во Србија први ќе ја примат и здравствени работници.

Во вторникот, 4.875 дози на вакцината на Фајзер пристигнаа во Србија, а други 20.000 дози ќе пристигнат на почетокот на јануари. Со Фајзер е потпишан договор за 1,8 милиони дози, кои ќе пристигнуват квартално, а наскоро се очекува да се даде дозвола за употребата и на вакцината Спутник 5, како и на кинеската вакцина Синофарм, од каде се очекуваат најголеми количини.

Според српскиот претседател, од средината на јануари ќе се оди на помасовни вакцинации, можеби дури и на милион луѓе.

 

Оливер Бранковиќ