Пратениците со набиена агенда до крајот на годината
За денеска најавени четири пленарки и шест комисии. На дневен ред на денешната седница и предлог- одлуката за избор на претседател, потпретседател, и членови на Државната изборна комисија.

До крајот на оваа календарска година, пратениците со набиена агенда. За денеска најавени четири пленарки и шест комисии. На дневен ред на денешната седница и предлог- одлуката за избор на претседател, потпретседател, и членови на Државната изборна комисија. Мандатот на актуелниот состав завршува кон средината на јануари. Огласот трае осум дена, а потоа Комисијата за прашања на изборите и наименувањата изготвува листа од пријавените кандидати.
Опозицијата предлага претседател и двајца членови, власта пак, потпретседател и тројца членови. Составот на ДИК се избира со двотретинско мнозинство. Мандатот на актуелниот состав на комисијата беше продолжен поради вонредната состојба.
До крајот на неделата, во законодавниот дом, неколку комисиски седници и пратенички прашања, први од изборот на новата Влада.
