Јубилеј

76 години Македонска радио- телевизија

28.12.2020 09:49

На денешен ден пред 76 години, означен почетокот на Македонското радио. датумот се смета и за официјален почеток на Македонската радио- телевизија. 20 години подоцна, од зградата во Нерези, емитуван и првиот телевизиски дневник...

„Зборуе Радио Скопје“- 76 години откога на 28 декември 1944 година, беше означен почетокот на работата на Македонското радио. Овој датум се смета и за официјален почеток на Македонската радиотелевизија. 20 години подоцна, од студиото во Нерези е емитуван и првиот телевизиски дневник.Оттогаш, со голем ентузијазам, Македонската радио- телевизија ги бележи сите настани, автентично како на филмска лента.

Професионални новинари, спикери, лектори, монтажери, техничари, продуценти, секојдневно, 24 часа на ден, учествуваат во создавањето разновидна и квалитетна програма, достојна за национален медиум.

мрт, нуди широк спектар информативна, играна, детска, спортска, научно-документарна, културна и музичка програма. На јавниот сервис се емитува програма на девет различни јазици. Сателитскиот канал е основан во 2003-та година.