Одбрана

Армијата засилена со 200 професионални војници, подмладувањето ќе продолжи и идната година

28.12.2020 14:03

Армијата доби нови 200 професионални војници. На последниот конкурс се пријавиле над 1.800 кандидати. За три години, во Армијата се примени нови 830 професионални војници...

Двеста нови професионални војници станаа дел од македонската армија. Биле избрани меѓу 1.800 кандидати што се пријавиле на последниот конкурс. Расте интересот за служба во Армијата, особено по членството во НАТО и подобрување на стандардите за работа и живот на војниците.

Новопримените војници како дел од вооружените сили на земја- членка на НАТО, освен обуката дома, ќе можат да бидат обучувани и во некоја земја сојузник. Војниците имаат можност да напредуваат во војничката кариера во повисоки чинови.

Во изминативе три години во Армијата биле примени 830 нови професионални војници. Помладувањето на Армијата ќе продолжи и во наредната година.

 

Ирина Гелевска