Одбрана

Тригодишните договори на професионалните војници се продолжуваат за една година

29.12.2020 12:45

Измените во Законот за служба во Армијата, од февруари оваа година предвидуваат професионалните војници да потпишуваат договори на секои четири години.

Успешен социјален дијалог во Министерството за одбрана. На предлог на Независниот синдикат за професионални војници и Независниот синдикат на одбраната, на сите професионални војници кои имаат потпишано тригодишни договори за работа ќе им се продолжат договорите за дополнителна една година, соопштуваат од Министерството за обрана.

Измените во Законот за служба во Армијата, од февруари оваа година предвидуваат професионалните војници да потпишуваат договори на секои четири години.

Министерството за одбрана ќе потпише анекси на договорите на професионалните војници вработени пред да се донесе оваа измена, со што целосно се изедначуваат условите под кои се вработени професионалните војници и им се дава дополнителна сигурност.

Вакви анекси на договори за продолжување на работниот однос ќе бидат потпишани со 2.705 професионални војници.