За утре закажана првата седница за пратенички прашања по 100 дена Влада

29.12.2020 12:51

Седницата ќе се одвива според вообичаената процедура за седници за пратенички прашања, а предност ќе имаат пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Левица...

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за утре ја најави првата пленарна седница за пратенички прашања по изминувањето на 100 дена од изборот на новата Влада.

Седницата ќе се одвива според вообичаената процедура за седници за пратенички прашања, а предност ќе имаат пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Левица. Секое трето прашање на седницата, која ќе започне во 11 часот, ќе биде од пратениците од владејачкото мнозинство од СДСМ и ДУИ.

По новогодишните и божикните празници, Собранието ќе започне со работа на 11 јануари со седници што не се завршени.