Антикорупциска ќе проверува имот на градоначалници, судии и функционери

29.12.2020 13:46

Антикорупциска го усвои планот за в година за проверка на имотната состојба и судирот на интереси. Ќе бидат опфатени градоначалници, судии, функционери. Проверката ќе се прави за лицата од овие категории, за кои граѓаните имаат поднесено претставка, по што врз основа на објективни критериуми ќе се прави селекција...

После новогодишните празници, антикорупционерите ќе ја проверуваат имотната состојба на 15 градоначалници меѓу кои и на скопскиот. Шилегов и другите ќе бидат опфатени први поради сумата на општинските средства со кои располагаат, информираше првата антикорупционерка Ивановска. Потоа ќе се проверуваат судиите и владините функционери.

Обемот и опфатот на функционерите е сѐ уште на исто ниво како претходните години, поради несосодветна техничка опременост на службите, се пожалија од Комисијата.

За да се реализира планираното, пак, потребно е Собранието што побрзо да ја усвои Националната стратегија за борба против корупцијата. Собранискиот спикер, Џафери, со ветување дека ќе ја стави на дневен ред наскоро на некоја следна седница.

На брифингот со новинарите тој посочи дека сепак, судбината на барањето на Антикорупциска за измени на системските закони е во рацете на пратениците откако тој им го проследил.

Антикорупционерите неколкупати нагласуваа дека токму овие закони се генератори на корупција и судир на интереси, особено при вработувањата.

 

Фиљана Кока