Дисциплински постапки против пет јавни обвинители
Годинава се воделе дисциплински постапки за пет јавни обвинители, кај еден од нив било и утврдено нестручно и несовесно работење. За него била утврдена кривична одговорност и сам се повлекол од функцијата, вели јавниот обвинител Јовески. Во 2021-ва ќе се оценува работата на секој јавен обвинител поединечно...

Овинител од Скопје работел несовесно и непрофесионално, односно не преземал дејствија по повеќе предмети. Во овој случај не е утврдена кривична одговорност, а обвинителот се повлекол од функцијата. Државниот обвинител Јовески на годишниот брифинг со новинарите информираше дека Јавното обвинителство годинава повело пет дисциплински постапки против своите колеги.
Јовески информира дека работата на секој обвинител ќе се оценува посебно, квантитативно и квалитативно. Укажува- има предмети за кои не е соодветно постапувано и во други обвинителства.
Годинава обвинителствата постапиле против повеќе од 25 илјади полнолетни сторители на кривични дела. Јовески посочи дека 2020-та беше тешка година за сите, воедно и за јавните обвинители, бидејќи се надлежни за гонење на криминалот, што не запира дури и во пандемија.
Марија Котовска
