Педагошкиот факултет против новата концепција за основното образование

29.12.2020 13:56

Од оваа високообразовна институција сметаат дека има низа недоследности и решенија чија примена би довела до сериозни проблеми во квалитетот на основното образование

Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ од Скопје е против новата нацрт- концепција за основното образование. Од оваа високообразовна институција сметаат дека има низа недоследности и решенија чија примена би довела до сериозни проблеми во квалитетот на основното образование.

„Зачудува фактот дека Педагошкиот факултет како институција која едуцира одделенски наставници и воспитувачи, кои реализираат настава од прво до петто одделение во основното образование, не е вклучен во овие реформски зафати“, велат од Факултетот, од каде предупредија дека вакви коренити промени не се можни без вклученост на сите засегнати страни.

Оттаму бараат решенијата и одговорите да се бараат преку широк општествен консензус за тоа што претставува квалитетно образование за секое дете.