Претставена е- мапа за лоцирање на загадувачи на животната средина
На електронска мапа ќе бидат обележани загадувачите во земјава. Зелениот институт ја претстави пилот верзијата. Од Инспекторатот велат дека на овој начин ќе имаат увид за секоја инсталација и ќе можат навреме да ги планираат редовните и вонредните контроли...

Лесно и прецизно ќе се откриваат идустриските објекти кои загадуваат, побрзо и ќе се пријавува во соодветниот инспекторат. Претставена електронска мапа на загадувачи на животната средина.
Од Државниот инспекторат за животна средина велат дека ќе се има увид во физичката локација на секоја од инсталациите за спроведување на редовни и вонредни надзори.
Овој проект е поле за ревизија, измена и стандардизација на документите кои се од витална важност за самите инсталации во поглед на заштита на животната средина. При обработка на сите документи, пронајдени се и многу грешки во податоците коишто биле запишани.
Засега со проектот е опфатен само главниот град, но треба да има податоци и за цела држава.
Ана Јосифоска- Тодоровска
