Технологијата ќе ги направи работниците непотребни?!
17.03.2014 10:53
Пазарот на труд за неколку децении ќе биде драматично различен, изјави неодамна основачот на технолошкиот гигант Мајкрософт, Бил Гејтс. Тој предупреди дека развојот на напредните технологии ќе доведе до автоматизација на задачите кои денеска ги извршуваат работниците, а со тоа ќе се укине потребата за бројни работни места...

Човекот кој го воведе компјутерот во нашите домови, нема добри вести за работничката класа.
Пазарот на труд за неколку децении ќе биде драматично различен, рече основачот на технолошкиот гигант Мајкрософт, Бил Гејтс. Тој предупреди дека развојот на напредните технологии ќе доведе до автоматизација на задачите кои денеска ги извршуваат работниците, а со тоа ќе се укине потребата за бројни работни места.
„Без разлика на тоа дали станува збор за возачи, келнери или медицински сестри, технологијата постепено ќе ја намалува потребата за работни места, посебно за оние за кои не се бараат големи вештини. Потребата за одредени профили на работници за 20 години ќе биде драматично намалена. Мислам дека луѓето сеуште не го разбираат тоа“, изјави Гејтс.
Гејтс смета дека државите во иднина ќе мора да ги намалат или укинат даноците поврзани со работниците со цел да ги мотивираат компаниите да вработуваат.
