Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски позитивен на коронавирус
03.01.2021 18:38
Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски е позитивен на вирусот Ковид- 19, информираат од Министерството за здравство. Тој останува дома во изолација...

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски е позитивен на вирусот Ковид- 19, информираат од Министерството за здравство. Тој останува дома во изолација, се чувствува добро. Во изолација останува и неговата сопруга.
Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести.
