Земјава добива 800.000 дози од вакцината на „Фајзер“, 5.850 пристигнуваат во февруари
Министерот Филипче во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021-ва година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот и висок претставник на компанијата, прозиводител на вакцини против Ковид- 19, велат од Министерството...

Република Северена Македонија ќе добие 800.000 вакцини против Ковид- 19, од прозиводителот „Фајзер“- соопштуваат од Министерството за здравство.
Министерот Филипче во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021-ва година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот и висок претставник на компанијата, прозиводител на вакцини против Ковид- 19, велат од Министерството.
Првите 5.850 дози вакцини на „Фајзер“ ќе пристигнат во февраури, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март и април, а динамиката за цела 2021-ва година дополнително ќе се утврди.
Нашата земја навремено почна со подготвоките за вакцинација против Ковид- 19 и постоечката функционална и одлично поставена здравствена инфраструктруа, каде досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против коронавирусот- велат од ресорот здравство.
Вакцината на „Фајзер“ се чува во фрижидери на -70 степени целзиусови, а истите во нашата земјава ќе пристигна месецов. Регулаторните медицински агенции, европската ЕМА и американската ФДА, ја имаат одобрено вакцината на „Фајзер“.
