Пандемија

Над 86 милиони заразени со Ковид-19 во светот

05.01.2021 10:37

И натаму САД предничат по бројот на заразени и починати од последици на Ковид-19. Изминатата недела на секои 33 секунди умирал по еден човек, велат американските здравствени власти.

Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина 86 милиони. И натаму САД предничат по бројот на заразени и починати од последици на Ковид-19. Изминатата недела на секои 33 секунди умирал по еден човек, велат американските здравствени власти.

Веднаш зад САД се Индија, Бразил и Русија. На европскиот континент предничи Велика Британија. Регистрира најголем број смртни случаи во Европа, по што властите решија да воведат нов целосен карантин до средината на февруари.

Премиерот Борис Џонсон предупреди дека болниците со под голем притисок и дека наредните недели ќе бидат многу тешки. Одлуката следи откако вчера во земјата беа регистрирани рекордни 58 илјади 784 новозаразени.

Во меѓувреме, новиот мутиран вирус е забележан и во Австрија.