САД

Џорџија одлучува за мнозинството во Сенатот

05.01.2021 11:03

Републиканските сенатори Дејвид Пердју и Кели Лофлер ќе се борат да ги задржат местата против демократите Џон Ософ и Рафаел Варнок. Доколку Републиканците освојат едно или двете места, тие ќе го задржат мнозинството во американскиот Сенат, и ќе може да блокираат законодавни иницијативи на Џо Бајден.

Во американската држава Џорџија се одлучува за мнозинството во Сенатот каде рекордни три милиони американци учествуваа во предвремено гласање.

Републиканските сенатори Дејвид Пердју и Кели Лофлер ќе се борат да ги задржат местата против демократите Џон Ософ и Рафаел Варнок. Доколку Републиканците освојат едно или двете места, тие ќе го задржат мнозинството во американскиот Сенат, и ќе може да блокираат законодавни иницијативи на Џо Бајден.

Доколку Демократите ги освојат двете места, ќе биде поделено на 50 – 50 места во Сенатот, но новоизбраната потпретседателка Камала Харис ќе може да интервенира со нејзиниот глас во корист на Демократите.