Се задржува трендот на пад на бројот на новозаразени, опаѓа процентот на позитивни случаи од тестирани
Продолжува трендот на намалување на бројот на новозаразени со Ковид-19, додека истовремено опаѓа процентот на позитивни случаи од вкупниот број направени тестови, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје, за периодот од 28-ми декември 2020-та до 3-ти јануари 2021-ва година.

Во овој период тестирани се вкупно 10.778 материјали, за 17,9% помалку во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.329 нови позитивни случаи од 33 градови во државата, што претставува намалување од 30,9%. Повторно, најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје. Процентот на позитивни од тестирани случаи изнесува 21,6%, за 4,1% помалку во однос на минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 години, додека најмал број е регистриран кај децата од 0-9 и 10-19 години. Како оздравени се водат 3.884 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Пријавени се 93 смртни случаи од 22 града, што претставува намалување од 27,9% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 77 лицa биле над 60 години, 11 лица на возраст од 50-59 години, 4 лица на возраст од 40-49 години и еден смртен случај е пријавен од возрасната група 30-39 години.