Османи: Новиот закон ќе одговори на предизвиците на надворешно - политичките приоритети на земјата
Шефот на дипломатијата Османи, ја презентираше драфт-верзијата на новиот закон за надворешни работи. Според предлогот, амбасадори можат да бидат исклучиво лица со македонско државјанство. Во план е отворање амбасада во братислава, Словачка. Османи очекува во наредните денови Софија да одговори, дали го прифаќа акцискиот план доставен со нон-пејперот, за надминување на разликите...

Дипломати може дa бидат лица само со македонскo државјанство, стои во новиот нацрт- закон за надворешни работи што го презентираше шефот на дипломатијата Османи. Две третини од македонските претставници во странство ќе бидат дипломати од кариера.
Шефот на дипломатијата побара од претседателот на Комисијата да не го кочи испраќањето на амбасадорите што треба да ги преземат функциите во важни држави. Османи најави наскоро отворање на дипломатско претставништво и во Братислава, Словачка.
Се намалува и дискреционото право на министерот за наименување на директори на оддели во МНР, за што сега ќе биде потребна комисија. Шефот на дипломатија смета дека економските промотори што ќе работат во составот на дипломатско-конзуларните претставништва ќе бидат корисни за привлекување на странски инвестиции.
Министерот за надворешни очекува во наредните денови Софија да одговори дали го прифаќа акциониот план доставен со нон-пејперот за надминување на разликите што се појавија со Бугарија, а што стана пречка за евроинтеграцијата на земјата.
Османи изрази жалење за објавената фотографија на која се гледаат лиерот на партијата Ахмети и неговите соработници при отворањето на новото Министерство за политички систем на кои се без маски. Тој признава дека со тоа се испратила погрешна порака во јавноста за почитување на протоколите. Османи негира дека со присуството на функционерите на ДУИ, се врши партизација на државните институции.
Ирина Гелевска
