Ветингот на офицерскиот кадар е во тек
Лесната пешадиска баталјонска група стационирана во Касарната „Јане Сандански“ во Штип е нашата НАТО декларирана единица. Годинава мора да ја покажеме на дело нашата подготвеност како дел од Алијансата. Ветингот на офицерскиот кадар е во тек...

Во тек е ветинг на офицерскиот кадар на АРМ според НАТО стандардите. Дел од сертифицирањето на кадарот помина пред нашиот прием во Алијансата, се работи за темелна постапка која не зависи само од нас, а пандемијата го успори процесот, изјави Министерката за одбрана денес во Штип.
Ако 2020 главниот позитивен настан за одбраната и за сите нас беше членството во НАТО, во 2021 година на сите нас во одбраната фокусот ќе ни биде практично да се покажеме на дело какви сме како членка на Алијансата, изјави Шекеринска при посетата на Касарната „Јане Сандански“.
Во Касарната во Штип, во рамки на лесната пешадиска баталјонска група шанса за работа и напредок ќе добијат најдобрите млади војници, офицери и подофицери кои ќе ги исполнуваат високите критериуми на Алијансата.
Славица Величковска
