Бучковски: Ќе ги разгледаме бугарските коментари и ќе изградиме јасна позиција

12.01.2021 12:32

„Секоја моја службена комуникација на релација Скопје – Софија е во функција на предложениот акциски план од наша страна за создавање доверба меѓу владите и државите, помеѓу народите на двете држави“, вели Бучковски.

Работна група ќе ги разгледа бугарските коментари за нашиот предлог-акциски план и ќе биде изградена јасна позиција – вели специјалниот владин пратеник за односите со соседната земја, Владо Бучковски по посетата на Софија.

Тој, по средбата со министерката Захарива, својата улога ја објасни со напорите на македонската влада да се најде решение за билатералниот спор и да се остранат пречките за почеток на преговорите со ЕУ.

„Секоја моја службена комуникација на релација Скопје – Софија е во функција на предложениот акциски план од наша страна за создавање доверба меѓу владите и државите, помеѓу народите на двете држави“, вели Бучковски.

Според информации од бугарското МНР, кои ги објавија тамошните медиуми, и Софија доставила акциски план, документ кој се однесува на сите секториски министерства, а се очекува да биде потпишан на престојниот состанок на заедничката меѓувладина комисија.

Сѐ уште не се откриваат детали за неговата содржина . Опозицискта ВМРО- ДПМНЕ се сомнева дека документот содржи исклучиво лоши позиции за македонскиот идентитет.