Зградите во Велес не се безбедни од пожари
Пожарот што неодамна изби во трговскиот центар Глобал во Струмица го отвори прашањето: Дали и колку станбените згради во Велес се безбедни од несакани пожари? Екипата на МРТ на терен посети дел од зградите заедно со командирот на ТППЕ, Љупчо Лепидовски. Констатацијата е дека во висококатниците хидранти речиси и нема, противпожарните скали не се функционални…

Безбедноста од пожар е важна за секој станар, но ова никако не се совпаѓа со она што камерата на МТВ го евидентираше, во неколкуте колективни живеалишта во Велес кои денес ги посетивме. Станарите се свесни за овој децениски проблем, велат дека треба да се менува ваквата состојба.
Покрај празните хидранти и противпожарните скали не се во функција, командирот на противпожарната служба, Лепидовски вели дека во годините наназад имало инцијатива заедно со куќните совети состојбата да се промени.
За да се запази Законот за безбедност за заштита од пожари, станарите од колективните живеалишта мора да преземат соодветни мерки. Доколку тоа не го сторат, се соочуваат со можност од казна која ќе им ја изрече инспекторот за домување.
Памела Цилаков
