Собранието го избра новиот состав на ДИК
Александар Даштевски е новиот претседател на ДИК. Новиот состав на комисијата доби зелено светло од пратениците...

Без расправа и со едногласни 95 гласови „за“, во законодавниот дом е избран новиот состав на Државната изборна комисија. Од 14-мината кандидати, партиите со седум предлози. Од нив тројца се од претходниот состав, двајца од СДСМ и еден од ДУИ, а на местото од членот на Беса влегува еден член на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Единствен на пленарната седница кој од пратениците побара збор беше Кастриот Реџепи од Беса. Тој смета дека е потребен професионален состав на Државната изборна комисија, а со самото тоа и реформа на законот.
Онака како што беше изгласано, нов претседател на ДИК е професорот Александар Даштевски на предлог на ВМРО- ДПМНЕ. Новите членови на комисијата од 15-ти јануари стапуваат на функцијата, тогаш истекува двегодишниот мандат на претходниот состав.
Миле Ристески
