Османи утре во работна посета на Грција на средби со Сакеларопулу, Мицотакис, Дендијас и Варвициотис

13.01.2021 10:21

Шефот на дипломатијата Османи утре ќе оствари работна посета на Грција, на покана на својот домаќин, грчкиот министер за надворешни работи Николаос Дендиас.

Шефот на дипломатијата Османи утре ќе оствари работна посета на Грција, на покана на својот домаќин, грчкиот министер за надворешни работи Николаос Дендиас.

На средбата меѓу двајцата министри ќе бидат отворени теми поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, интензивирање и продлабочување на политичкиот дијалог во различни области, како и Акцискиот план за соработка и имплементацијата на Договорот за стратешко партнерство (Преспа), соопштуваат од МНР.

Предвидено е потпишување на неколку меѓународни документи, со кои дополнително ќе се збогати договорната рамка меѓу двете држави.

Предвидена е и средба и со претседателката Катерина Сакеларопулу, премиерот Кирајкос Мицотакис и алтернативниот министер за европски прашања Милтијадис Варвициотис.

Во рамките на средбите ќе бидат отворени темите за унапредување на економско-трговската соработка меѓу двете земји,стратешките проекти за поврзување со гас и со гориво, како и учеството на Република Северна Македонијаво гасниот терминал „Александрополис“ во Грција.

Предвидено е да се разговара и за политичките актуелности во регионот и регионалната соработка, особено за неговата европска и евроатлантска перспектива, и поддршката што Грција ѝ ја дава на Северна Македонија во тој контекст.