Пратениците ќе расправаат за Предлог- законот за попис

13.01.2021 10:05

Во рамките на продолжението на 29-та седница се очекува пратениците да расправаат за Предлог-законот за попис. Владата останува на ставот дека пописот ќе се спроведе напролет, додека опозицијата бара да се користи отпечаток од прст...

Во рамките на продолжението на 29-та седница се очекува пратениците да расправаат за Предлог-законот за попис. Владата останува на ставот дека пописот ќе се спроведе напролет, додека опозицијата бара да се користи отпечаток од прст.

На дневен ред се и и други законски решенија по скртатена постапка меѓу кои и Предлог-законот за заем од Меѓународната банка за обнова и развој за финансирање на проектот за унапредување на основното образование, измените на Законот за техничка инспекција и на Законот за државен пазарен испекторат.

Денеска во Собранието седници ќе одржат Комисијата за здравство, Комисијата за европски прашања и Комисијата за транспорт, врски и екологија.