Словенија ќе ги разменува искуствата за преговори со ЕУ со земјава

13.01.2021 13:12

Словенија ќе ги разменува искуствата за преговори со Европската унија со земјава. Договорена поинтензивна соработка меѓу парламентитете на двете пријателски држави пред словенечкото претседателство со ЕУ, во втората половина од 2021-та. Германија пак, како претходен претседавч со Унијата останува на ставот дека земјава ги исполни сите критериуми и ЕУ треба да ги почне преговорите...

Заживување на парламентарната соработка со идниот претседавач со Европската унија, Словенија. Амбасадорот Предан на средба со пратничката група за соработка со словенечкиот парламент. На земјава ѝ се нудат искуства за преговори со еЕвропската унија.

Пратеничките групи за соработка меѓу двете држави се надеваат дека ќе можат да ја вратат комуникацијата која замре поради пандемијата. За почеток, најавена скорешна средба он-лајн. Ако дозволат условите со кризата со Ковид-19, пратеници од македонскиот парламент ќе го посетат парламентот во Словенија за време на словенечкото претседателство со Европската унија.

Германија силно се залагаше за почетокот на преговорите со земјава минатата година, но не успеа поради бугарското вето на преговарачката рамка. „Нема план Б за евроинтеграција на Северна Македонија во ЕУ“, истакна германската амбасадорка во земјава како претставник на претходниот претседавач со Унијата.

Актулениот претседавач со ЕУ, Португалија иако не го истакна како приоритет на претседателството, поддржува одржување на прва меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија до јули.

Ирина Гелевска