Царовска: Реформите се потребни, не се укинува историјата
Реформите во образованието се неопходни, нема укинување на предметот историја, ниту пак, на катедрата за македонски јазик, уверува министерката Царовска. Вели, дека досега немало конкретни предлози на новиот концепт за основниците. Градоначалникот на Скопје, Шилегов дециден- „нема отпуштање на наставници“...

Стравот од интеграција на дел од предметите во основното образование е она што ги плаши наставниците, вели министерката Царовска. На досегашните средби, вели таа, фелата не се изјаснила дека нешто не прифаќа, нуту пак дала предлози. Нивниот страв, вели министерката, бил политички злоупотребен и не е вистина оти некои научни дисциплини ќе се укинат.
До финален концепт ќе се дојде преку јавна дебата со претставници од ЗЕЛС, наставници, директори, академици од МАНУ, невладини организации, меѓународни институции. Освен тоа, предлози може да се достават и преку електронска пошта до 20-ти јануари.
Надлежните велат - реформата во образованието не е поврзана со ниту едно надворешно политичко прашање на државата и никој не размислува за укинување на македонскиот јазик.
Анита Димитријевска Велковска
