Собрание

Последен ден расправа за Законот за попис- опозицијата бара повлекување, мнозинството консензус

15.01.2021 14:55

Во Собранието последен ден од расправата за Законот за попис. ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на предлогот, мнозинството консензус. Опозицијата критикува за нетранспарентност и злоупотреба на европското знаменце, а од власта велат- не прифаќаме уцени, ќе има попис во април...

Збор, реплики, контра реплики на партиската говорница. Последни моменти  расправа до донесување на Законот за попис. Мнозинството бара консензус. Власта уверува- пописот ќе биде според европските стандарди. Велат - не прифаќаме уцени, ќе има попис во април.

Пратеничката Лидија Тасевска обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ го политизира пописот и дека партијата се става на спротивна страна на државните и националните интереси.

ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на предлогот и негова дообработка. Се сомневаат во лажирање на податоците. Опозицијата критикува за нетранспарентност и злоупотреба на европското знаменце.

Според предвиденото, пописот треба да се одржи во април.

 

Наташа Гркова- Петрушевска