Со Бугарија ќе се разговара по изборите

18.01.2021 13:11

Заев напомена дека во координација со претседателот на собраниската комисија за надворешна политика ќе се договори точен термин за одржување на седницата, на која нејзините членови ќе бидат информирани за тековните случувања со Бугарија, при што ќе се земе во предвид тие да немаат други работни обврски в

За деталите од размената на предлози меѓу работните групи и шефовите на дипломатиите меѓу Скопје и Софија, за нонпејперот и за последните предлози на источниот сосед, како и неговата реакција на нашиот акциски план, ќе бидат информирани пратениците во собраниската комисија за надворешна политика, најави премиерот Зоран Заев.

Заев напомена дека во координација со претседателот на собраниската комисија за надворешна политика ќе се договори точен термин за одржување на седницата, на која нејзините членови ќе бидат информирани за тековните случувања со Бугарија, при што ќе се земе во предвид тие да немаат други работни обврски во законодавниот дом.

Заев вели дека процесот на официјални преговори е завршен, и верува дека следува процес на реализација на акцискиот план, а веднаш по изборите во Бугарија ќе се влезе во разговори и преговори.