Модуларниот ковид- центар во Струмица е во завршна фаза

20.01.2021 13:19

Ковид- центарот во Струмица речиси е готов, се очекува да се ослободи хируршката амбуланта каде што во мометов се третираат позитивни пациенти и ќе се трансферираат таму. Лекарите и медицинскиот персонал ќе имаат подобри услови за работа, а ќе се заштитат и пациентите...

Модуларниот ковид- центар во струмичката болница полека се комплетира, каде начелно требаше да се лекуваат ковид позитивните пациенти, ама сликата полека почна да се менува. Бројот на позитивни опаѓа, но од управата велат дека сепак ковид- центарот ќе биде добредојден оти ќе се ослободи хируршката амбуланта која во моментов се користи како дневен центар, за таму пак да се премести невролошката амбуланта.

Струмица во мометов е со 26 хоспитализирани лица, 24 слободни места, 12 на дневна амбуланта. Активни случаи до пред две седмици беа 600 сега има само околу стотина.

Епидемиолозите сепак апелираат, граѓаните да не се опуштаат, да ги почитуваат мерките со цел трендот на намалена бројка да остане.

 

Стојне Митева