Триесетина забелешки за новиот концепт за основно образование
Триесетина забелешки пристигнале на адреса на Министерството за новиот концепт за основно образование. Најчесто се однесувале на тоа дека се потребни обуки, но и дали наставниците ќе можат да се справат со новиот начин на учење. Во дел од мејловите пишувало и дека не сакаат да се усвои концептот, но не биле понудени аргументи...

Триесетина забелешки пристигнале на адреса на Министерството за новиот концепт за основно образование. Најчесто се однесувале на тоа дека се потребни обуки, но и дали наставниците ќе можат да се справат со новиот начин на учење. Во дел од мејловите пишувало и дека не сакаат да се усвои концептот, но не биле понудени аргументи, вели министерката Царовска. Сите забелешки се дадени на работната група, а предвид се земени и предлозите на УКИМ и на останатите институции, музичарите, ликовните уметници.
Од Сенатот на УКИМ, бараат новиот концепт да почне да се спроведува како пилот проект. Велат, потребно е време. Реформите се стратешко прашање, процес на перманентно преиспитување и валоризација на воспитно – образовната политика. Сенаторите упатија сериозни забелешки за нацрт – стратегијата за основно образование. Предупредија, избрзаните и недоволно обмислените одлуки и решенија донесени од МОН, без јавна и ефективна дебата можат да предизвикаат штета со далекусежни последици. Констултациите со засегнатите страни продолжуваат, на агендата директорите на училиштатата.
Во меѓувреме, додека се подготвува реформата, МОН се соочува со притисок од средношколците. Тие најавија бојкот на наставата, барајќи наместо четири да полагаат два предмети. Нов модел за полагање на државната матура од Министерството за образование најавуваат за идната година.
Андријана Атанасовска
