Собрание

Законот за попис на гласање пред пратениците

21.01.2021 09:42

Собранието денeска треба да одржи продолжение на 29-тата седница, на кое се очекува да се гласа за Предлог- законот за попис. Резултатите од пописот нема да влијаат врз стекнатите права, уверува Власта. Партиите од мнозинството тврдат дека ќе имаме кредибилен процес. Опозицијата се сомнева во инженеринг...

Законот за попис сѐ уште не е изгласан, а политичките партии секој со своите толкувања. Опозициската ВМРO- ДПМНЕ чиј амандман за отпечаток од прст не беше прифатен е со сомнеж дека коалициските партнери од власта, СДСМ и ДУИ го договараат пописниот резултат и ги штелуваат процентите.

Од СДСМ уверуваат дека не се прават никакви договарања. Пописот е потребен за креирање политики во државата и не може да се договараат проценти.

Во ДУИ сметаат дека процентот на Aлбанци е над 20 проценти, при тоа правдајќи се дека изјавата на нивниот пратеник Арбер Адеми дека нема да ги прифатат резултатите ако се под 20 насто, била изнудена.

Пратениците Зконот за попис ќе го гласаат денеска на пладне. Во меѓувреме, премиерот Заев посочи декакаква било бројка на процентуална застапеност да покаже пописот нема да се одрази врз стекнатите права, Уставот, законите. Правата на помалубројните народи се веќе стекнати и нив не смее никој да ги оспорува и назадува, без разлика на резултатите од статистичката операција, рече Заев.

 

Миле Ристески