Заврши зимскиот распуст, учениците продолжуваат со настава
21.01.2021 09:45
Според Министерството за образование и наука, комбинираниот модел бил успешно воспоставен во првото полугодие и затоа нема да се менува во вториот дел од учебната година.
По три недели зимски распуст, учениците од основните и средните училишта продолжуваат со настава. Според Министерството за образование и наука, комбинираниот модел бил успешно воспоставен во првото полугодие и затоа нема да се менува во вториот дел од учебната година.
Од ресорното министерство оценуваат дека првото полугодие било успешно, со навреме завршено оценување, над 90 насто ученици во онлајн-настава и помалку од еден процент наставници и ученици со Ковид-19 во наставата со физичко присуство.
