Царовска: Со хибридниот модел обезбедуваме успешна настава и во второто полугодие

21.01.2021 10:36

Веќе воспоставениот хибриден модел од првото полугодие се покажа како успешен и наставата продолжува по истиот модел. На овој начин се обезбедува континуитет на наставата во второто полугодие по веќе воспоставениот успешен модел од првото полугодие што е во интерес и на учениците и на наставниците и на јавното здравје.

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес по повод стартот на второто полугодие го посети средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје. Наставата во ова училиште се одвива со физичко присуство и е прилагодена на практичната настава на учениците.

Како што соопштија од министерството, Царовска на состанокот со директорот на училиштето Филип Фидановски истакна дека МОН според препораките на Комисијата за заразни болести ги обезбеди сите услови за непречена реализација на наставата во време на пандемија.

Веќе воспоставениот хибриден модел од првото полугодие се покажа како успешен и наставата продолжува по истиот модел. На овој начин се обезбедува континуитет на наставата во второто полугодие по веќе воспоставениот успешен модел од првото полугодие што е во интерес и на учениците и на наставниците и на јавното здравје.

Директорот Фидановски ја информираше министерката дека учениците се подготвуваат за полагање на претстојниот матурски испит и најуредно се имаат пријавено во законски утврдениот рок.