Со 62 гласа „за“ Собранието го донесе Законот за попис

21.01.2021 13:13

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на гласањето. Опозициската партија најави дека нема да ги признае резултатите од пописот што треба да се спроведе од први до 21-ви април.

Со 62 гласа „за“, Собранието го донесе Законот за попис. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на гласањето.

Опозициската партија најави дека нема да ги признае резултатите од пописот што треба да се спроведе од први до 21-ви април.

Иако со одредени забелешки, коалицијата Алијсана за Албанците и Алтернатива го поддржа предлогот на Владата.