Османи во официјална посета на Црна Гора

21.01.2021 12:21

Во рамките на посетата, Османи ќе оствари средби со целиот државен врв на земјата. Се очекува, на разговорите да бидат потврдени блиските и пријателски односи меѓу двете земји, но и детално разгледување на начините како да се продлабочи соработката, особено економската.

Министерот за надворешни работи Османи утре ќе престојува во официјална посета на Црна Гора по покана на министерот за надворешни работи, Ѓорге Радуловиќ.

Во рамките на посетата, Османи ќе оствари средби со целиот државен врв на земјата. Се очекува, на разговорите да бидат потврдени блиските и пријателски односи меѓу двете земји, но и детално разгледување на начините како да се продлабочи соработката, особено економската.

Посебно внимание ќе биде ставено и на соработката во рамките на НАТО, како земји - сојузници и во процесот на интеграцијата во Европската унија, во која двете држави имаат заедничка цел и перспектива.

Ќе се разговара и за регионалната соработка и иницијативи, кои имаат клучна улога во развојот на добрососедските односи.