Собранието го донесе Законот за попис

21.01.2021 14:26

Со 62 гласа „за“, Собранието го донесе Законот за попис. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на гласањето. Опозициската партија најави дека нема да ги признае резултатите од пописот што треба да се спроведе од 1 до 21 април. Иако со одредени забелешки, коалицијата Алијсана за Албанците - Алтернатива го поддржа предлогот на Владата...

Со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“, Собранието го донесе Законот за попис. Освен владејачкото мнозинство, поддршка и од коалицијата Алијанса на Албанците- Алтернатива.

ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во гласањето. Од партијата со став- власта планира политичка, а не статистичка операција. Најавија дека ќе почнат иницијатива за собирање граѓански потписи за поништување на законското решение. Одговорноста е кај власта, рече координаторот на пратеничката група Мицевски.

Спикерот Џафери со одговор на ставовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за врзаниот потпис. Потсети дека тоа е дел од Пржинскиот договор.

На државата ѝ е потребен попис- став на коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива. Иако го поддржаа законот, посочија одредени забелешки. Главно барање за формирање Државна пописна комисија.

Од СДСМ уште еднаш потенцираа дека ќе биде спроведена статистичка операција, според европските стандарди. Заводот за статистика треба да ја донесе методологијата за спроведување на пописот.

Пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава, според состојбата на 31 март на полноќ, што ќе се смета за критичен момент на пописот.

 

Игор Панов