Образование

Второто полугодие почна, консултациите за реформата продолжуваат

21.01.2021 15:02

По три недели зимски распуст, учениците од денеска на настава. Второто полугодие од учебната година исто како првото – до трето со физичко присуство, повисоките одделенија – онлајн. Министерката за образование продолжи со консултации со просветни работници за реформите во основното. Опозицијата побара коцепцијата да се повлече и да органзира јавна расправа...

По три неделен зимски одмор едни се вратија во училишните клупи, други пред компјутер. Наставата продолжи онаму кај што застана – до трето со физичко присуство, поголемите - онлајн.

Проблемите наметнати во образованието поради Ковид пандемијата остануваат предизвик.

Второто полугодие почна според познати протоколи, она што е непознато е како ќе се спроведе реформата во основно образование.

Со разговор меѓу засегнатите се финализира концептот. Автономно одлучување и креативност на наставникот е темелот врз кој е изградена новата концепција на основното образование, вели ресорната министерка. Прв чекор е интензивна обука на кадарот во одделенијата од каде што ќе стартува реформата.

Опзицијата бара повлекување на реформата и јавна расправа. Од МОН велат дека се отворни за дебата и за сите конструктивни забелешки и предлози. По електронски пат пристигнати се околу 30-тина предлози кои се разгледуваат.

 

Наташа Јанчиќ Менковски