Дел од матурантите продолжија со бојкот

22.01.2021 13:20

Од Средношколскиот сојуз најавуваат дека утре ќе имаат состанок со матурантите од 20 градови и ќе донесат одлука како ќе постапат од понеделник.

Дел од матурантите и денеска го продолжуваат бојкотот на наставата. Остануваат на барањето да полагаат два наместо четири предмети. Од Средношколскиот сојуз најавуваат дека утре ќе имаат состанок со матурантите од 20 градови и ќе донесат одлука како ќе постапат од понеделник.

Министерката Царовска ги уверува - ќе работиме на нова концепција за полагање матура. Опозицијата побара коцепцијата за реформите во основното да се повлече и да се организира јавна расправа.