Попис

Партиите ќе си ја мерат силата околу пребројувањето

23.01.2021 16:03

Партиско мерење на сила околу пребројувањето. ВМРО-ДПМНЕ се закани дека ќе ги користи сите институционални механизми за да го спречи спроведувањето на пописот. Сметаат дека ова е политичка, а не статистичка операција. Апелираат претседателот Пендаровски пред да го потпише указот, да се консултира со експерти. СДСМ одговара- пописот ќе се одржи на пролет...

Час поскоро на Македонија и е потребен попис, но, да се спроведе електронски, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Велат дека со таков попис никој нема да се сомнева во статистиките коишто ќе произлезат од него. Опозицијата најави дека ќе ги користи сите институционални механизми за да го спречи спроведувањето на пописот, како што е најавен. Апелираат, претсредателот Пендатовски пред да гопотпише указот да се консултира со експерти.

Пописот ќе се одржи на пролет, ВМРО-ДПМНЕ нема да ја спречи оваа статистичка операција, велат од власта. Тврдат дека во државата се создадени сите нормативни услови за спроведување на попис, по меѓународни стандарди и по прописите на Евростат. Појаснуваат- со пописот ќе се соберат релевантни, точни податоци за географски, демографски, економски, образовни, миграциски, културолошки карактеристики и други битни информации.

Во четвртокот со 62 гласа „за“, Собранието го донесе Законот за попис. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на гласањето. Опозициската партија најави дека нема да ги признае резултатите од пописот што треба да се спроведе од први до 21 април.

 

Наташа Гркова Петрушевска