Се спојуваат болницата, здравствениот дом и итната помош во Прилеп
Реорганизација на јавниот здравствен сектор во Прилеп. Со владина одлука деновиве, болницата, здравствениот дом и итната помош се спојуваат. Новиот в.д директор смета дека ќе се разионализира работата, а процесот ќе трае со месеци, без проблем за пациентите..

Општа болница со проширена дејност. Таков е новиот титулар на прилепските јавни здравствени институции во едно. Со владината одлука деновиве, во едно се: Здравствениот дом, Градската болница и Итната медицинска помош. Двата тима на здравствениот дом и на болницата, допрва ќе разговараат за спојувањето и рационализацијата.
Процесот на реинтеграција ќе трае со месеци. Итната медицинска помош, која, се чини, има најмногу работа во пандемијата, од стариот објект ќе се пресели.
Болницата моментално се справува со 30 милиони денари обврски, потпомогнати со ковид-ситуацијата.
Со новата реорганизација, прилепската болница смета да излезе на крај годинава. Одговара за здравјето на преку 100.000 жители. Вакво искуство имаат во Кавадарци, Гевгелија, и во Кочани.
Елизабета Митреска
