Пратениците ќе расправаат за нов Народен правобранител
Комисијата за избори и именувања го предложи Насер Зибери, кој беше кандидат за претседател на ДУИ. Столчето на обмудсманот е празно откако Иџет Мемети влезе во Советот на јавни обвинители.

Во Собранието нова седница, со обемен дневен ред. Пратениците треба да се изјаснат за нов Народен правобранител. Комисијата за избори и именувања го предложи Насер Зибери, кој беше кандидат за претседател на ДУИ. Столчето на обмудсманот е празно откако Иџет Мемети влезе во Советот на јавни обвинители.
На дневен ред се и измените на Законот за медиуми, односно изборот на Програмски совет на Македонската радиотелевизија. Процесот е заглавен речиси две години поради несогласувањата меѓу власта и опозицијата. Советот се избира со двотретинско мнозинство.
Пратениците треба да се произнесат и за измените во Законот за јавни набавки, со кои се предвидува и директни контакти со производителите на вакцини против Ковид-19, но и за Законот за лекови.
