Димитров и Османи во посета на Брисел
Вицепремиерот за евроинтеграции Димитров и шефот на дипломатијата Османи во Брисел ќе се сретнат со повеќе министри за надворешни работи, на земји- членки на Европската унија, меѓу кои и со португалскиот Агусто Сантош Силва...

Вицепремиерот за евроинтеграции Димитров и шефот на дипломатијата Османи во Брисел ќе се сретнат со повеќе министри за надворешни работи, на земји- членки на Европската унија, меѓу кои и со португалскиот Агусто Сантош Силва, чија земја во моментов е претседавач со Советот на ЕУ. Димитров и Османи ќе имаат средби и со претставници од институциите на Унијата.
По преземањето на претседателството со Советот на ЕУ на 1 јануари, Португалија како приоритети ги најави економското закрепнување, климатската и дигиталната транзиција и јакнењето на стратегиската автономија на ЕУ.
