Продолжува бојкотот на матурантите

01.02.2021 10:09

Сојузот на средношколци вчера објасни дека не се залагаат за укинување на државната матура, туку таа да биде изменета поради состојбата со Ковид- 19.

И неделава матурантите нема да се вклучат на наставата. Тие опстојуваат на ставот дека се потребни измени во полагањето на државната матура, поточно да се полага со скратена наставна програма. Од ресорното министерство се децидни – бојкотот е неоправдан и е на штета на матурантите.

Сојузот на средношколци вчера објасни дека не се залагаат за укинување на државната матура, туку таа да биде изменета поради состојбата со Ковид- 19. Од Сојузот напоменуваат дека скратените наставни програми беа и продолжуваат да бидат дел од нивните барања упатени до институциите.

Од Министерството за образование и наука појаснуваат дека заедно со владата се должни и ќе ја спроведат матурата за да обезбедат можности за сите над 14 илјади ученици кои се пријавија да ја полагаат и да продолжат да учат и да се запишат на факултет.

Посочуваат дека е неодговорно да им се ускрати правото на оние кои решиле да продолжат на факултет, додека оние кои не планираат да продолжат, според Министерството за образование и наука, имаат избор да полагаат само училишна матура и стручен испит.