Отворен е патот за директни контакти со производителите на вакцини против Ковид-19
Со усвоените измени на Законот за лекови, отворен е патот за директни контакти со производителите на вакцини против Ковид-19. Владејачкото мнозинство е целосно посветено за справување со Ковид-19, велат од СДСМ. Со поддршка за законските измени и ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата со став- пандемијата не треба да нѐ дели по никакви основи...

Отворен е патот за директни контакти со производителите на вакцини против Ковид-19 со усвоените измени на Законот за лекови, велат од владејачката СДСМ. Според партијата, ова немало да биде потребно доколку ВМРО-ДПМНЕ изминатите години не го урниса здравствениот систем.
Од опозицијата велат дека ги поддржале измените на законот со кој се овозможува увоз на вакцини и други имунолошки средства, затоа што сакале да покажат дека заедничко делување во законодавниот дом е пандемијата да се стави под контрола.
На Комисијата за финансирање и буџет се дополни и Законот за јавни набавки со кој без никакви пречки може да се склучи договор со фармацевски компании. Со измените во законот се овозможува во вонредни и кризни состојби, во услови на епидемија или пандемија на заразна болест, ставање во промет вакцини, да може да извршат и странски производител на лекови, правен застапник, подржуница или трговско претставнишво на странски производител со регистрирано седиште надвор од државата.
Наташа Гркова- Петрушевска
