Здравствените работници се пријавија, се чекаат насоки за имунизацијата
Прилепските здравствени работници се пријавија за вакцинација, но се чекаат насоки за начинот за имунизација и пунктовите. Имаат обучен кадар и можности. Ситуацијата со Ковид-19 е смирена, но внимателна. Затворени се ковид- одделите. Отворени се термини за прегледи, засега се оперираат само итни случаи...

Околу 400 здравствени работници што се две третини од медицинскиот персонал во прилепската болница и половината од вработените во Центарот за јавно здравје се на списокот во Министерството за здравство за вакцинација од коронавирусот.
Каде ќе бидат пунктовите и што со „Мој термин“ за имунизацијата, и во болницата и во Здравствениот дом сѐ уште чекаат насоки. Надлежните велат- имаат персонал и можности.
Ситуацијата со Ковид-19 се оценува како стабилна, но внимателна. Затворени се ковид-одделите, хоспитализираните 19 пациенти се на инфективното, а уште 14 доаѓаат на дневна терапија.
Деновиве почнаа со работа сите одделенија и амбулантите, пуштен е „Мој термин“, но со ограничен број, засега се оперира итно, а за хроничните болни - во почетокот на март. За граѓаните е значајно што ќе ги третираат заболувањата.
Прилепската болница го почна процесот на реорганизација преку спојување со Здравствениот дом и Итната медицинска помош, што ги зголеми обврските на институцијата.
Елизабета Митреска
