Продлжуваат апсењата по државниот удар во Мјанмар
05.02.2021 12:24
Уапсен е и лидер од Националната лига за демократија предводена од Аунг Сан Су Чи која исто така беше меѓу првите приведени...

Војската на Мјанмар ја зацврстува владејачката позиција откако изврши државен удар. Уапсен е и лидер од Националната лига за демократија предводена од Аунг Сан Су Чи која исто така беше меѓу првите приведени.
Армијата ги оспорува резултатите од ноемвриските избори. САД побараа ослободување на функционерите и активистите. Во спротивно, Мјанмар ќе се соочи со санкции.
